28/03/2024
Охрид

Пецаков: Охриѓани и по осум месеци немаат добиено обесштетување за штетите од земјотресите

Во просториите на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, денес се одржа прес-конференција на која говореше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, д-р Кирил Пецаков.

„СДС продолжува да ги манипулира граѓаните. Чисто политиканство без конкретни нови мерки и преземени активности за решавање на проблемите кои ги мачат граѓаните. Охриѓани и по осум месеци немаат добиено обештетување за штетите од земјотресите. За нив, нема ниту денар, ниту пак солидарност. Околу 870 семејства чекаат финансиска помош од државата за да ги санираат штетите во домовите. 15 од нив немаат ни каде да живеат поради тоа што земјотресот од 3 јули им направил оштетувања од дури петти степен. Владата и Локалната самоуправа предводени од СДС треба да се изјаснат зошто сè уште нема одговор и покрај тоа што претходната Општинска комисија за проценка на штети, изготвила елаборатот и истиот бил доставен до Владината комисија уште на 30 август. Зошто кoмисијaтa е рaзрешенa? Зошто по бaрaњетo не е постапено? Свесно ли се прави тоа за да трае тоа долго сè дo пoвтoрнo именувaње нa нов сoстaв нa кoмисијaта? Се покажува вистинското лице на СДС и пратениците од Охрид, Томислав Тунтев и Жаклина Лазаревска коишто пак претходно не го прифатија интервентниот амандман од 2 милиона евра со цел за располагање на граѓаните коишто претрпеа штети.“ – истакна Пецаков.

Како што кажа Пецаков, ВМРО-ДПМНЕ бара од СДС да покаже совест и грижа за граѓаните и паричните средства во најкус можен рок да бидат исплатени на граѓаните.

„Охриѓани заслужуваат искрено внимание и помош од власта и лолаклната самоуправа која има одговорност за нив, а не нивна злоупотреба само кога од тоа се собираат политички поени во време на политички кампањи.“ – додаде Пецаков.