24/04/2024
Охрид

Пецаков: Во Охрид урбаната мафија гради каде ќе стигне и никој за тоа не одговара

Денес на Градското пристаниште во Охрид, ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид одржа прес-конференција на која говореше д-р Кирил Пецаков, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во Охрид урбаната мафија гради каде ќе стигне и никој за тоа не одговара.

Зоран Заев и СДСМ бесправното узурпирање на брегот на Охридското Езеро го одобруваат ставајќи ги партиските и бизнис интересите пред интересите на граѓаните.

СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески ја охрабруваат урбаната мафија во Охрид и покрај сериозната закана градот да ја загуби титулата од УНЕСКО.

Последните дивоградби наместо веднаш да бидат срушени од градоначалникот Георгиески и Општината тие повеќе од една недела молчат со што ја потврдуваат предизборната коалиција за која сега само ги плаќаат фактурите.

Измина и трет месец откако општинскиот инспектор даде рок од 10 дена да се отстрани натстрешницата кај Чинарот, а ние сме сведоци веќе на нова дивоградба бетонска база.

Го повикуваме градоначалникот Георгиески доколку работи во интерес на граѓаните и сака навистина да го заштити градот уште веднаш да се срушат сите диви објекти во Охрид.

Георгиески како што ја охрабрува урбаната мафија така надлежните институции да се охрабрат и да не подлегнуваат на притисоците од страна на Заев и да не се плашат да го спроведат словото на законот.

Дали без ни малку срам Георгиески ќе се појави во Баку каде треба да биде донесена одлука за идниот статус на светското природно и културно наследство на Охрид?

УНЕСКО најповеќе реагира за дивоградбите и бара нивно уривање како хотелот во Лагадин, минарето, бетонската база и сите други градби кои имаат прекршувања на Законот за градење.

Со СДСМ и Георгиески во Охрид владее беззаконие. Охрид го бришат од УНЕСКО. Георгиески и неговите бизнис-политички партнери се на колена, а институциите треба веднаш да го казнат криминалното дивеење на урбаната мафија.“ – истакна Пецаков.