16/04/2024
Охрид

Пецаков: Заложбата е создавање квалитетни спортски кадри и спортисти, кои ќе го промовираат спортот и Охрид како спортски град

Координаторот на советничката група во Советот на општина Охрид и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Кирил Пецаков, денес одржа прес-конференција на која ја истакна нивната заложба за создавање квалитетни спортски кадри и спортисти, кои ќе го промовираат спортот и Охрид како спортски град.

„Охрид мора да биде пристоен европски град за младите.

Охрид мора да блеска со спортот, спортскиот работник и спортистот.

Со концептот За убав град јасно порачуваме дека наш приоритет е работата за потребите на младите во градот и младите повторно да го добијат својот партнер во нас кој секогаш е тука да им помага.

Заложбата е создавање квалитетни спортски кадри и спортисти, кои ќе го промовираат спортот и Охрид како спортски град.

За убав град:

Младинско спортско лето – Спорт за младите, спорт за сите.

Целта ќе биде во летниот период анимирање и организација на повеќе спортски настани и презентација на различни спортови.

Организација на меѓународен ракометен турнир за сениорски и младински категории.

Возобновување на ракометниот турнир кој се организираше во Охрид со кој ќе се добие целосно нов туристички производ и можност за збогатување на туристичката понуда на градот и привлекување на повеќе туристи.

Организација на меѓународен кошаркарски турнир за сениорски и младински категории.

Преку афирмација на сите спортови, спортовите на вода, атлетиката, боречките спортови – Охрид да биде домаќин на европски и светски превенства во различни категории.

Изградба на 40 станови за млади брачни парови.

Повторно оформување на Советот на млади и отворање Канцеларија за млади.

За спортски град изградба на 30 рекреативни зони, односно 5 тениски терени, 5 мултифункционални игралишта, 20 детски игралишта.

Младите се движечка сила во градот.

Младите се иднината на Охрид.

5 за град кој се темели врз цврста младина и спортот. 5 за многу нови проекти за младите и спортот. 5 за убав спортски град. 5 за Д-р Митре Милошевски за градоначалник на Охрид. 5 затоа што Охрид повикува!“ – истакна Пецаков.