19/04/2024
Македонија

Пензионерите се ослободени од пријавување годишна даночна пријава во наредните седум години

Јавната дебата којашто беше актуелизирана по презентацијата на електронскиот систем е-Персонален данок, укажа на потешкотиите со кои пензионерите ќе се соочуваат при регистрацијата на електронскиот систем. 

Со новиот Закон за личен доход се предвидува, во наредните 7 години да се одложи обврската за доставување на Годишна даночна пријава од страна на УЈП до граѓаните кои оствариле доход само од пензија исплатена од страна на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. 

Тоа значи дека во даночните периоди од 2018 до 2024 година, пензионерите кои не оствариле друг доход, освен пензија, се ослободени од било каква обврска кон УЈП поврзана со Годишната даночна пријава.
 

     
     
     
     
 

Следете не и на официјалниот YouTube канал на Управата за јавни приходи https://www.youtube.com/c/ujpgovmk и преку Google+ https://plus.google.com/+ujpgovmk