29/03/2024
Охрид

Петкоска: Градоначалникот Георгиески го следи трендот на партиски вработувања наметнат од Владата на СДСМ

Денес во просториите на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид се одржа прес-конференција на која говореше Лидија Петкоска, советник во општина Охрид и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

„Власта предводена од СДСМ врши груба партизација на општина Охрид и државните институцииите исклучиво со партиски кадри.
Градоначалникот Константин Георгиески го следи трендот на партиски вработувања наметнат од Владата на СДСМ.

Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Георгиески објавува огласи за 10 вработувања на државни службеници во повеќе сектори.

Георгиески исто така објавува интерни огласи за унапредување на административни службеници во општина Охрид.

Дали Георгиески однапред веќе знае кои 12 службеници ќе добијат унапредување по партиски клуч?

Зошто Георгиески ги потценува охриѓани, но и партиските активисти кои мора да чекаат избори за да се објават огласи за вработување или да добијат унапредување?

Наместо европски вредности имаме расипничко искористување на парите од Буџетот за партиски цели.

Георгиески е веќе познат по недомаќинското трошење на парите од граѓаните само за вработување и враќање стари долгови, а не за инфраструктурни проекти.

СДСМ и Георгиески исплашени од поразот на изборите на 12 април мислат дека со превработувањето на администрацијата со партиски кадри и добивање повеќе гласачи за избори ќе се спасат од казната на народот.“ – истакна Петкоска.