19/04/2024
Спорт

Петти пораз за АВ Охрид во АБА 2 лигата

Екипата на АВ Охрид го одигра петтиот натпревар од АБА 2 лигата, при што го забележа и петтиот пораз. Во Спортската сала „Билјанини Извори“, АВ Охрид го пречека тимот на Рогашка. 

АВ Охрид – Рогашка 56-78 (13-20, 22-17, 13-20, 8-21)

„Гледајќи ја статистиката во офанзивните скокови и во нереализираните слободни фрлања ја гледам причината за поразот. Имаме доста работи за поправување иако во нашиот состав за разлика од првите мечеви има напредок. Немаме време за некои посериозни анализи, бидејќи не очекува меч во Првата лига на домашен терен против Шкупи кој мора да го добиеме.“ – изјави Петар Чочоровски, тренер на АВ Охрид.

„Ниту ние, ниту АВ Охрид не одигравме некој добар натпревар. Секогаш е добро да победиш кога не играш според планот и кога имаш евидентен пад во играта помеѓу две четвртини. Во третата и четвртата четвртина се консолидиравме и покаавме дека знаеме. Оваа победа ни беше потребна, затоа што претрпевме болен пораз од Крка пред своите гледачи.“ – изјави Дамјан Новаковиќ, тренер на Рогашка.

„Ние имаме очигледен проблем во скок играта и мора што побрзо да го решиме тој проблем. Јас како нов кошаркар давам се од себе, но ќе мораме повеќе сите и да стигнеме до посакуваните резултати.“ – изјави Емир Зимиќ, играч на АВ Охрид.

„Неколку натпревари во серија играме во грч, а исто така помина и денешниот меч со АВ Охрид. Крајниот исход не ја отсликува реалната состојба на теренот, затоа што во еден момент имавме и негатива. Во второто полувреме ја поправивме играта во одбраната, им ги затворивме најдобрите играчи и стигнавме до победата.“ – изјави Митја Николиќ, играч на Рогашка.

WebOhrid