28/03/2024
Спорт

Pic2go услугата и оваа година ќе биде дел од Атлетската манифестација Охрид трчаТ

Најновниот и најсовремениот спортски систем за споделување на фотографии Pic2go услугата и оваа година ќе биде дел од Атлетската манифестацијата Охрид трчаТ која ќе се одржи на 31 мај, 1 и 2 јуни во Охрид.

Се што треба да направите за користење на бесплатната услуга е да се регистирате со стартниот број кој веќе го имате добиено на меил на официјална страна од Охрид трчаТ и да дозволите сликите да се објавуваат на вашиот профил на Фејсбук.

Pic2Go апликацијата со работа ќе започне во недела во 14 часот кога ќе се комплетираат сите слики од неколкуте места на кои ќе има професионални фоторепортери.

Напомена, стартниот број и бар кодот мора да бидат поставени на видливо место на телото за да можат при изработка на фотографиите да се познаваат и класифицираат.