28/03/2024
Македонија

Пијанистката Дуња Иванова со солистички концерт во Македонската филхармонија

Во фокусот на програмата на Иванова се дела од современи композитори. Ќе бидат изведени неколку композиции од култниот филм „Пијано“, чија музика ја создаде влијателниот Мајкл Најман, како и „The Heaven Ladder“ од Тери Рајли и „Clapping Music“ од Стив Рајх, сите претставници на минимализмот, музички правец кој во од средината на минатиот век создаде нова димензија во класичната музичка уметност.

Како гостинка на концертот ќе се појави македонската композиторка Ана Пандевска.