29/03/2024
Писма/Колумни

Писмо: Да се потсетиме на 29-ти Ноември – Денот на Републиката

Чест ни е и задоволство да се потсетиме на државниот празник 29 Ноември – Денот на Републиката, празник кој се славеше и беше почитуван и респектиран на целата територија на СФРЈ заедница од сите граѓани на републиките – држави на СФРЈ.

Ако не беше НОВЈ и ПОМ предводени од КПЈ и КПМ во која учествуваа социјалисти, комунисти и други граѓани во антифашистичката војна против фашистичкиот окупатор предводени од легендарниот Ј.Б. Тито 1941-1943 немаше да биде ни АВНОЈ ни АСНОМ ни 8-ми Септември. РМ ака сака да гради посигурна иднина и да биде принципиелна кон претходните генерации, не смее да ги заборави и премолчува 24013 роса младинци од Ваташа и кон оние момчиња и девојчиња кои во цутот на својата младост ги положија животите на олтарот на татковината, како и социјалистите и комунистите од НОВ и социјалистичкиот развој на земјата 1941-1991.

РМ не смее да ги премолчува и да ги оспорува заслугите и на југословенските социјалисти и комунисти други граѓани предводени од Ј.Б. Тито првиот антифашист во окупирана и поробена Европа што ја врати надежта на слобода и кој како човек прв во историјата ја оствари паролата фабриките и претпријатијата на работниците.

По завршувањето на Втората светска војна едино КПЈ признаваше македонски народ, нација, јазик, писмо и држава за разлика од соседните земји. Поради овие тековини тогашните македонски политичари се приклучиле кон југословенската заедница уставно со право на самоопределување до отцепување.

Тито е тој што ќе рече француската писателка Симон де Бовар како европската јавност го видела како ги предводи југословенските партизани по босанските планини против фашистичките окупатори.

Македонските антисоцијалисти и антикомунисти не можат да го оспорат тоа веќе што е запишано за Ј.Б. Тито во британската енциклопедија дека имал позитивен однос кон македонската нација и држава и е заслужен за тоа што Македонија е конституирана како држава во Југословенската федерација на второто заседание на АВНОЈ на 29 Ноември 1943 година.

Токму во периодот 1941-1991 за време на СФРЈ и СРМ, СРМ ги оствари највисоките дострели на социјален, економски, културен и политички план. Тоа беше период на оригинални идеи и создавање на нови вредности, период на повеќе генерации и почит на македонското општество на европско и светско рамниште, историски гледано тоа беше златно време на СРМ, сегашна РМ со речиси хумана и продуктивна насока со целосна вработеност, бесплатно образование на сите степени, бесплатно здравство безвизен режим со над 60 држави во светот, безбедно општество и општество без корупција и криминал што високо се ценеше во хуманистичките, научните кругови и културниот свет од Јапонија до Норвешка и од САД до Јужна Африка.

За време на СФРЈ чест и задоволство ти беше да се родиш, растеш, да бидеш забаваче, дете, пионер, младинец, ученик, учител, наставник, професор, спортист, работник, техничар, инжењер, земјоделец, агроном, механичар, возач, правник, адвокат, лекар, службеник, новинар, војник, офицер, милиционер, старешина, директор, секретар, свештеник, д-р на науки.

Чест ти беше и да си Македонец, Србин, Хрват, Словенец, Босанец, Турчин, Црногорец, Албанец, Ром, Египќанец, православен, муслиман, католик, протестант, нововерец.

Пред се да си граѓанин и државјанин на СФРЈ и СРМ.

Здружение „Титоисти“ Охрид

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.