24/04/2024
Писма/Колумни

Писмо: Документите за легализација во Општина Охрид исчезнуваат!?

Крајно разочарувачки можеме да ја оцениме состојбата во Секторот за урбанизам Општина Охрид.

Имено како засегнати граѓани мораме јавно да прокоментираме.

Со законот за легализација како и сите граѓани поднесовме барање за легализација на објект. Сите потребни документи за легализација ги поднесовме ,а во Јануари 2012 година-вклучувајки и Геодетски елаборат . После во Мај 2013 год добивме Заклучок во кој стои дека се прекинува постапката по поднесеното барање за утврдување на правен статус на бесправен објект од локално значење, поради тоа што предметот не е изложен. Од наша страна по втор пат беше поднесено барање на 31.05.2013 , поради тоа што не известија усмено дека го загубиле барањето.После 2 месеци на неколку наврати лично прашувавме во катастар „дали е изложен предметот“, за последниот пат во Октомври да не известат усмено на шалтер дека сеуште не е изложено барањето бевме упатени кај правничката на предметот да го добиеме одговорот зашто нема сеуште барање. Од кај правничката бевме упатени да прегледаме во главната книга да провериме на кој датум е поднесено второто барање каде го добивме следниот одговор од службеничката: ЈАС СУМ ОД ЈУЛИ НА РАБОТНОВО МЕСТО, НЕМОЖАМ ДА ЈА НАЈДАМ ТЕТРАТКАТА ОД МАЈ И ЈУНИ, БИДЕЈЌИ НЕ Е ПОВЕЌЕ НА РАБОТНО МЕСТО ТАА КОЛЕШКА. Потоа се вративме кај правничкати и и беше пренесено сето претходно, по што по трет пат не натера да поднесиме барање и да го однесиме лично од кај правничката кај службеничката да се заведи во главната книга .За на крај предметот повторно да добие нова димензија , после десетина дена добиваме нов Заклучок : СЕ ПРЕКИНУВА ПОСТАПКАТА ПО ПОДНЕСЕНОТО БАРАЊЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРАВЕН СТАТУС НА БЕСПРАВЕН ОБЈЕКТ ОД ЛОКАЛНО ЗНАЧЕЊЕ, ПОРАДИ НЕКОМПЛЕТНОСТ НА БАРАЊЕТО / ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ СО ИМОТЕН ЛИСТ ДО ЈУНИ 2014.

На 15 ти Ноември се обидовме повторно лично да провериме повторно што е проблемот кај правничката, по што од портирница добивме информација дека не можеме денес да ве пуштиме освен во Вторник во големата сала. На 19 ти во Вторникот отидовме во големата сала од дечкото пред салата бевме запрашани дали сме на список (нашето прашање беше: каков список кога во Петокот ни рекоја да дојдиме во Вторник), потоа отидовме повторно кај портирот да се запишиме на список. Се запишавме на списокот, со „сугестија„ да не штиклирале за да добиеме побрз ред…….

Приказната продолжува во лавиринтот на Секторот за урбанизам …… но не знаеме до кога!

Навистина нелогички ако се заложуваме за ваква администрација кога документите се губат….

Слична е приказната и со другите пријатели …..

Со почит Митре, Даница, Мирче ….

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.