19/04/2024
Спорт

Пливачката школа „Охридски бранови 2008″ Охрид” ја заокружи и оваа летна сезона

Пливачката школа „Охридски бранови 2008″ Охрид со доделување на дипломи на децата кои ја посетуваа школата за пливање, успешно ја заокружи оваа летна сезона.

„Задоволни сме од одзивот на деца и нивната желба да ги научат техниките на пливање. Оваа година имавме одлични услови на градскиот базен при Спортскиот центар „Билјанини извори” и со оглед на тоа што и времето не послужи, имавме можност повеќе време да се посветиме на децата за што побрзо и полесно да го совладаат пливањето. Ние како тренери мораме да упатиме јавно благодарност до претседателот на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008″Охрид, господинот Кочо Паскали, кој несебично ни помагаше и ни градеше услови за што е можно најдобро да ја реализираме оваа летна пливачка сезона. Исто така оваа година нашиот клуб традиционално по 39 -ти пат го организираше Илинденскиот пливачки маратон на кој учество зедоа деца од цела Република Македонија и маратонот на 10 км. кој се реализираше по втор пат оваа година.“ –изјавија тренерите на пливачката школа проф.Катерина Стојаноска и проф.Ристе Јанкоски.

„На сите ученици им посакуваме добар почеток и многу успех на училиште“ – додаде Стојаноска.