По патот на поезијата хрватски поети беа во Охрид

Охриѓани вчера во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид имаа можност за средба со неколкумина хрватски поети.

site

Водителот на средбата – поетот Мирко Томовски и поетесата Виолета Сековска, гостинка од Скопје на свој – инвентивен начин ги претставија нивните хрватски колеги:   Здравко Одорчиќ, Маја Хершак, Весна Премер и Лука Премер.

hrvati 3

Повеќе од сигурно е дека поезијата го зацврсти пријателството помеѓу македонските и хрватските писатели и преку дружбата беа отворени нови хоризонти за идна соработка.

publika

Поетската средба со свој настап ја збогатија младите музичари – сестрата и братот  Емилија и Илија  Волканоски.

muzicar

Настанот покрај љубители на пишаниот збор го проследија и ученци од трета година од охридската гимназија – јазична насока.