19/04/2024
Македонија

Почна лидерската средба во Клубот на пратеници

На лидерската средба којашто е во тек во Клубот на пратеници се присутни Претседателот на Владата на Република Македонија и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заменик претседателка на Владата на Република Македонија, Радмила Шекеринска, лидерот на ДУИ Али Ахмети и заменик претседателот на Владата на Република Македонија Бујар Османи, претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Тања Каракамишева, како и претседателот на БЕСА Билал Касами и Аријанит Хоџа.