Почнува манифестацијата „Охрид Крафт“

По одличните изданија на фестивалот „Вино и сирење 2019“ и „Денови на мед“,  започнува манифестацијата „Охрид Крафт“. Од вечерва, охриѓани и туристите, ќе имаат можност да се запознаат со занаетчиството и занаетчиите, односно со нивните производи и услуги.

Преку оваа манифестација, се води и кампања за поттикнување на младите да започнат да се занимаваат со занаетчиството.