23/04/2024
Охрид

Почувствуван слаб земјотрес во Охрид

Вечерва во 21:22 часот во Охрид беше почувствуван слаб земјотрес.

Епицентарот на земјотресот беше на само неколку километри од Охрид во околината на селото Лескоец.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.1 степен, а беше почувствуван од населението во Охрид и неговата непосредна околина со интензитет III степени според Европската макросеизмичка скала.

WebOhrid