29/03/2024
Охрид

Почуствуван земјотрес во Охрид, Струга и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово на 11.5.2020 година во 05 часот и 09 минути, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 114 km југозападно од Скопје, и потекнува од Охридското епицентрално подрачје.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.4, а беше почувствуван од населението во Охрид, Струга и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.