Подароци за патрониот празник

По повод одбележувањето на 7 Ноември, патрониот празник на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ и 75 годишнината од  ослободувањето на Охрид, градоначалникот Константин Георгиески, на градинката  и подари играчки. Дечињата и вработените се заблагодарија за подароците и вниманието, а градоначалникот им  вети дека Локалната самоуправа и натаму ќе работи на подобрување на условите за функционирање на детската градинка и одвивањето на воспитниот процес.