Подигнати повеќе гранати од Првата светска војна

На 03.07.2019 година во 12:00 часот, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, ПОЗС Битола од с. Црничани, општина Новаци во приватно дворно место подигна една артилериска граната 65 мм, пет артилериски гранати 75 мм и една артилериска граната 105 мм, сите од Прва светска војна. Истите се пренесени на безбедна локација во Битола.