19/04/2024
Македонија

Поднесени кривични пријави за седум лица

 На 30.01.2019 Одделението за насилен криминал во Единица за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе две кривични пријави од кои едната до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје против Ѓ. Д. (44), Е.З. (31), У. Ќ (30), С. Ј. (40) и А. И. (25) сите од Скопје и втората до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против лицата Е. З. (41) и А. З. (41) вработени во МВР, кои не биле на работа,  поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ предвидено и казниво по чл.386 ст.6 од КЗ на РМ, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Пријавените Е.З., У.Ќ., С. Ј., Ѓ.Д. и А.И. додека биле заедно со Е.З. и А.З. и други НН лица на 28.01.2019 година околу 19 часот во н.Шуто Оризари на ул.Индира Ганди извршиле кривично дело врз оштетените Б. К., Ф.К. и  А.Р..

-Откако од страна на повеќе лица кои биле во толпата, било запрено возило Хундаи галопер, во кое се превезувале К. Б., како возач,  А. Р. како совозач и Ф.К., настанала расправија, бидејќи пријавените се сомневале дека оштетените наводно грабнале дете во населба Шуто Оризари иако ниту едно семејство на територијата на Скопје нема пријавено таков случај. Оштетените биле извлечени од возилото и физички биле нападнати од пријавените, иако А.Р. се легитимирал со службена легитимација и кажал дека е вработен во МВР- соопшти Ангеловски.

Пријавените по извршување на кривичното дело се оддалечиле од местото на настанот, а повредените се пренесени во болница.

-Веднаш е известен јавен обвинител и преземени се мерки и активности за расчистување на случајот. Обезбедени се видео записи, извршено е соочување и извршени службени разговори со повеќе лица. За Е.З. и А.З. поведена е постапка за дисциплинска одговорност и времено им е прекинат работниот однос- рече Ангеловски.