25/04/2024
Македонија

Подобри услови за вработените за подобра услуга за граѓаните

Министерството за внатрешни работи минатата година интензивно работеше на реконструкција и санација на голем број објекти, а со тоа и на подобрување на условите за работа на вработените. Беше направена реконструкција и обновување на ресурсите за работа во следниве објекти и тоа: Управните служби во Куманово, Полициското одделение во Јегуновце, Полициската станица во Ѓорче Петров, Железничкот граничен премин во Гевгелија и Полициската станица од општа надележност во Струга.

Со несмален интензитет и годинава продолжуваме со реализација на зацртаните градежни активности за подобрување на условите за работа на вработените во Министерството за внатрешни работи. По пат на отвoрена постапка со критериум за доделување на договор најниска цена склучен е договорот за јавна набавка “Услуги за тековно одржување на објекти на МВР, УБК, ЦПС, БЈБ и гранична полиција на цела територија на Република Македонија со изведба на градежни, градежно- занатски, занатски, инсталатерски и други работи“. По склучување на договорот веќе се започнати градежни активности во неколку секторите за внатрешни работи ширум земјава и тоа во: СВР Битола, СВР Велес, ПО Галате, ПО Зајас, ПС Кичево, ПС Драчево, Касарна Ѓорче Петров- ЕБР, МТВ управни служби, Ценарот за обука Идризово и СВР Скопје.