19/04/2024
Охрид

Подводна еко-патрола 2020

Tимот на WebOhrid и ова лето работи на самостојниот проект – Aquatic, каде преку снимање на подводни сцени ви доловува повеќе локации во Охридското Езеро.

Како и секоја година така и оваа, при самото снимање правиме и еко-патрола, каде затекнавме и отстранивме многу отпад во водите на Охридското Езеро, најмногу стакло. Стаклото е најопасно доколку не се отстрани навреме, може да се скрши на поситни делови кои можат да предизвикаат повреди кај капачите. 

Апелираме до сите, да не го оставаат отпадот кој ќе го затекнат во водата, туку да се обидат да го соберат и да го депонираат до најблиската корпа.

Нашите подводни активности продолжуваат и во август и септември, а вие уживајте во најновото 5-минутно видео снимено на длабочина од 2 метри.

WebOhrid