Поети од Хрватска ќе читаат во Библиотеката „Григор Прличев“ – Охрид

Во вторник на 10 септември во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи Средба и промоција на хрватски поети.

Водителот на средбата – поетот Мирко Томвски и поетесата Виолета Сековска ќе ги претстават нивните колеги: Здравко Одорчиќ, Маја Хершак, Весна Премер и Лука Премер.

Настанот е закажан за 13 часот.

Со ова средба се продлабочува соработката помеѓу македонските и хрватските автори и преку пишаниот збор се градат нови мостови.