28/03/2024
Македонија

Поетска вечер во Крива Паланка: „Разиграни поетски зборови“

Во просториите на библиотеката која работи во состав на Центарот за култура во Крива Паланка утре (14 март) со почеток во 18 часот ќе се одржи поетската манифестација со роднокрајни поети и писатели насловена „Разиграни поетски зборови“ …

Вечерта ќе биде посветена на поетското творештво на неодамна починатата авторка Павлина Климкар Меанџиева. На овој настан кој има за цел да ги зближи, но и да ги промовира роднокрајните автори, ќе земат учество поети и писатели кои потекнуваат од овој регион и тоа: Оливера Станковска, Ирена Белешковска, Каролина Алексовска, Ирена Стевановска и Благица Стојчевска.