28/03/2024
Охрид

Поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски ќе биде претставена на Американскиот универзитет во Благоевград

На покана од Американскиот универзитет во Благоевград, Бугарија, во четврток, 21 ноември, ќе биде претставен поезијата на македонскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски.

Пред присутните ќе се чита поезија на македонски и на аглиски јазик објавена во неговите книги Engravings (Гравири) и Field. Batelevield? (Поле. Бојно поле?), а ќе биде воден и разговор со поетот за современата македонмска поезија и нејзината состојба денес.

Претсавувањето ќе го реализира бугарскиот поет Владимир Левчев.

Поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски спаѓа меѓу најпрепознатливите достоинства на современата македонска литература. Читана е, анализирана, толкувана, наградувана, застапувана во најстрогите антологии на македонската поезија, преведувана на други јазици. Појавувањето на секоја нова книга од овој исклучителен поет редовно претставува вистински настан, забележлив датум во нашето културно живеење.

На македонски јазик објавил четиринаесет книг, а деветнасет одделни избори се објавени на странски јазик, од кои три на бугарски. Одделни песни и поетски циклуси преведени се на над триесет јазици. За неговата поезија напишана е едена есеистичка книга, а во Италија одбранет е магистерски труд.

За својата поезија повеќекратно е наградуван во земјава и странство, а меѓу наградите се „Браќа Миладиновци“ на СВП, „Ацо Шопов“, „Сергеј Есенин“ (Русија), „Гран-при на европската поезија“ (Романија), и двапати на охридскато највисоко признание „Св. Климент Охридски, патрон на Охрид“, еднаш за особен придонес во подемот на Охрид и еднаш за животно дело.

В.Митаноски