Покана за коментари и предлози за Сеопфатната стратегијата за образованието 2018-2025

Изминатиов период, Министерството за образование и наука интензивно работеше на креирање на Сеопфатната стратегија за образованието 2018-2025, односно на создавање на нов стратешки документ за образовни политики.

Имајќи ја предвид значајноста на Сеопфатната стратегијата за образованието, а притоа следејќи ги принципите на транспарентност и инклузивност, Министерството за образование спроведува јавна консултација и ја споделува со стручната и академска јавност финалната нацрт верзија на Сеопфатната стратегијата за образованието 2018-2025.

Вашите коментари и предлози за натамошно подобрување на Сеопфатната стратегијата за образованието се добредојдени и истите можете да ги доставите најдоцна до 10 ноември 2017 година,  на следната електронска адресa – komentari@mon.gov.mk , или до архивата на МОН (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54).

Сеопфатната стратегија за образованието 2018-2025 ќе биде предмет на јавна расправа, а по завршувањето на овој процес истата ќе биде усвоена на седница на Владата на Република Македонија.

Финалната нацрт верзија на Стратегија за образованието 2018-2025 можете да ја преземете тука.