26/04/2024
Охрид

Полицијата приведе полски државјанин кој крадел во Охрид

Вчера во 17:00 часот на ул.„Железничка“ во Охрид бил затекнат К.М.М. (31) од Република Полска. Со оглед на тоа што во неговото престојувалиште биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“, како и на други околности кои укажуваат дека истиот е можен сторител, а поради постоење на опасност од бегство, тој бил лишен од слобода и задржан во просториите на Полициската станица Охрид.

За настанот биле известени дежурен Јавен обвинител и дежурен Судија во претходна постапка од Основниот суд Охрид.