Полицијата пронајде 50 килограми марихуана во Калишта

На 22.02.2019 година околу 20.00 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Франгово“, при обиколка, кај одводeн канал на брегот на Охридското во село Калишта пронашле четири најлонски вреќи со околу 50 килограми марихуана.

Пронајдените вреќи биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.