28/03/2024
Струга

Полицијата пронајде оружје во дом на жител од Велешта

НК за КР Струга при СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ф. (46) од село Велешта- струшко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 29.01.2019 година во село Велешта, од страна на полициски службеници при извршен претрес во домот и другите простории на пријавениот бил пронајден и одземен пиштол „ВЗОР“ калибар 7,65м и рамка со пет куршуми, за кои истиот не поседувал соодветна дозвола.