28/03/2024
Охрид

Полициски службеници откриле рибарски мрежи полни со охридска Белвица

На 15.03.2019 во периодот од 19.30 до 23:30 часот, при вршење патролна дејност во водите на Охридското Езеро, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро, во близина на хотел во Струга, околу 600 метри од брегот на езерото, пронашле шест рибарски мрежи долги по околу 50 метри со улов од риба – охридска Белвица.

Исто така, на околу 1000 метри од брегот на езерото биле пронајдени две рибарски мрежи долги по околу 50 метри, без улов. Риболовниот алат бил подигнат и однесен во Полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.