Положено свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан во Охрид

Со полагање на свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан во Охрид, волонтерите на Црвен крст Охрид и Струга, претставници од Црвен крст и Општина Охрид одадоа почит на основоположникот на идејата за движењето на Црвениот крст, Анри Динан кој е роден на денешен ден пред 190 години. Затоа и 8ми мај е Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

По тој повод, Црвен крст Охрид се вклучи во глобалната кампања на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која се одвива под мотото „Насекаде за секого“. 

Претходно, денес во Факултетот за туризам и угостителство во Охрид се одржа крводарителска акција.

Активностите на Црвен крст Охрид во рамки на Неделата на Црвен крст од 8-15 мај продолжуваат утре во 11:00 часот, кога започнува отворениот инфо ден, прием во седиштето на Црвен крст Охрид за децата од предучилишните установи и учениците од основните училишта во Охрид, каде преку промотивни материјали и видео проекции ќе се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст, со активностите на Црвен крст Охрид и како се станува волонтер на Црвен крст.

This slideshow requires JavaScript.

WebOhrid