Положено свежо цвеќе пред спомен обележјата на борците од НОБ

Во рамки на одбележувањето на 11- Октомври, Денот на  народното востание, градоначалникот Константин Георгиески и делегации на Општина Охрид положија свежо цвеќе пред спомен обележјата на борците од НОБ во Градскиот парк, Основениот суд во Охрид , СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и градските гробишта.

Свежо цвеќе положија и претставници од ОО на Сојузот на борци од Охрид и Дебарца и претставници од политичкиот и јавниот живот во градов.