28/03/2024
Македонија

Поради технички зафати на српската страна, застој на товарниот сообраќај на ГП Табановце

Македонските гранични полициски служби при Граничниот премин Табановце добија известување од српска страна дека денес (29.04.) во периодот од 08,15 часот до 17,00 часот поради прекин на електрична енергија на Граничниот премин “Прешево“ (годишен ремонт), сообраќајот за товарните моторни возила ќе биде во застој на влез и излез.

Според информациите од српската страна по однос на товарниот сообраќај ќе се води рачна евиденција за товарните возила така што за едно возило во просек ќе бидат потребни 15 до 20 минути, додека пак празните товарни возила ќе минуваат непречено.