Пораз од Чешка во вториот натпревар на ЕП

Македонската репрезентација го загуби мечот од второто коло во кој противник ни беше селекцијата на Чешка (25-27, 11-9).

Средбата беше израмнета, Македонија имаше резултатска контрола во првиот дел во кој водевме 4-3, 8-6, 10-8, а полувремето успеавме да го добиеме со два гола предност 11-9. Македонија одигра слаб период на почетокот на вториот дел. Противникот најде решенија за нашата одбрана и со серија од 5-1, поведе со 15-12 во 37 минута.

EHF EURO 2020 (rakomet) Makedonija-Ceska 12.01.2020-6005Потоа почна долгиот процес на враќање во игра. Чешка го контролираше резултатот со 51 минута (22-18) по што со серија од 4-0, Македонија се врати во игра и израмни на 22-22. Во играта гол за гол, за жал први ние погрешивме, по што Чешка поведе со 26-24 во 58 минута, а до крајот двата тима постигнаа по еден гол.

EHF EURO 2020 (rakomet) Makedonija-Ceska 12.01.2020-5979Кирил Лазаров со 11 гола, Дејан Манасков со 5 и Гоце Георгиевски со четири гола беа најефикасните играчи во нашиот состав. За пласман во главната рунда, на Македонија и е потребна победа од два гола разлика над Австрија во последното коло. (Под услов Австрија да ја совлада Украина)