28/03/2024
Охрид

Посебен режим на сообраќај за Триатлон викендот во Охрид

Со цел безбедно одвивање на планираните активности во рамките на спортско рекреативната манифестација „Европски јуниорски триатлон куп“ и „Национално триатлон првенство“, што на 06 и 07 овој месец ќе се одржат во Охрид, СВР Охрид изготви посебен план за времен режим на сообраќај и сообраќајно обезбедување.

Мерките започнуваат утре, кога од 13 до 13 часот и 30 минути, ќе отпочне генералната проба на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, почнувајќи од пресекот на булеварот „Туристичка“ со „АСНОМ“ до локалниот пат за „Инекс“.

Во недела, посебнот сообраќаен режим ќе биде од 07:40 до 18:20 часот пришто, покрај наведената траса, ќе бидат опфатени и патот покрај „Студенчишко блато“ кон плажата „Бафало“. Предвидена е забрана за движење на возила по булевар „Туристичка“ од пресекот со „АСНОМ“ до пресекот со локалниот пат кон хотел „Инекс“ само во правецот од Охрид кон „Св.Стефан“, а во обратен правец ќе има двосмерен сообраќај. Ќе биде поставена вертикална патна сигнализација, а сообраќајот од Охрид кон Св.Наум, од булеварот „Туристичка“ кон регионалниот пат, ќе се одвива по левата коловозна лента.

Се апелира до сите учесници во сообраќајот, да се придржуваат до означените правци на движење и да ги почитуваат насоките од полициските службеници.