20/04/2024
Македонија

Посебен сообраќаен режим на потегот од Собранието на РМ до Скопското кале

Утре (25.03.), а по повод уличната акција организирана од здружението Млади европски федералисти, во период од 15,00 до 17,15 часот, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, ќе изврши сообраќајно обезбедување со кратки пренасочувања на сообраќајот по одредени сообраќајници во централното градско подрачје, а со цел одржување на манифестацијата на потегот од Собранието на Р.М. до Скопско кале.

Трасата на движење на уличната акција е од пред Собрание на Р.М. на ул.„11-ти Октомври“, и продолжува право кон Порта Македонија, низ градскиот плоштад Македонија, Камени мост, плоштадот “Филип 2-ри“, по ул. “Иљо Војвода“, десно по надвозникот над бул.„Гоце Делчев“, десно по ул.„Самуилова“ пред платото на црквата “Св. Спас“, лево по сервисната улица кон Скопско кале и потоа назад кон Собрание на Р.М. по истата траса.