19/04/2024
Македонија

Посебен сообраќаен режим по повод „Дигиталниот самит на земјите од западниот Балкан“

По повод претстојниот “Дигитален самит на земјите од западен Балкан“ што на 18 и 19 овој месец ќе се одржува во Скопје во хотелот “Александар Палас“ како и во ВИП Арена (сала “Борис Трајковски“), во текот на утрешниот ден (17.04.) од 15 часот, како и наредните два дена (18/19/04.), односно до 15,30 часот на 19.04., СВР Скопје ќе воспостави посебен сообраќаен режим за сообраќајниците околу овие објекти.

Имено, со посебниот режим ќе бидат затворени и пренасочени за сообраќај улиците “Јадранска магистрала“, “Скупи“, делови од булеварите “Осми Септември“, “Илинден“, како и другите сервисни улици коишто гравитираат кон двата објекта (ВИП Арената и хотелот “Александар Палас“). Исто така, посебен сообраќаен режим е предвиден и за обиколницата на автопатот до Скопскиот аеродром.