Постапка за поставување урбана опрема (маси и столови пред угостителски објекти) на територијата на Општина Охрид

Општина Охрид –сектор за урбанизам и заштита на животната средина, ги известува сите заинтересирани правни и физички лица кои имаат потреба од поставување урбана опрема (маси и столови пред угостителски објекти),  да ја испочитуваат следната процедура:

  • Доставување барање за извод од програмата за урбана опрема до Секторот за урбанизам и заштита на животна средина.

(во прилог на барањето да се достави: имотен лист,  скица од катастарски план за предметната парцела, административна такси за барањето од 50 денари административна такса и за изводот од програмата 750 денари)
Рок за издавање на изводот, по поднесена комплетна докуметација, е 5 работни дена.

  • Доставување барање за одобрение за поставување на урбана опрема

(по подигнување на изводот од програмата за урбана опрема, барателот доставува проект за поставување на урбана опрема од соодветна лиценцирана фирма за изработка на проекти и истиот ги доставува со гореспоменатото барање до Секторот за урбанизам и заштита на животната средина и административна такса за одобрение 1000 денари)

Годишната програма за поставување урбана опрема е усвоена со Одлука на совет на општина Охрид под бр.08-762/23 од 29.01.2018 година.

Секторот за урбанизам и заштита на животната средина го одобрува доставениот проект  доколку истиот е во согласност со изводот од програмата за урбана опрема.  Потоа се изготвува договор за надоместок за краткотраен закуп на градежно земјиште за поставување на урбана опрема,  согласно проектот за урбана опрема и Одлуката за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2018 година, број 08-2455/9 од 28.02.2018 години.

Договорот се доставува до Одделението за комунални такси каде се изготвува задолжение за надомест за комунална такса, согласно Одлуката за утврдување на висината на комуналната такса за користење на просторот пред деловни простории за вршење дејност број 08-2455/10 од 28.02.2018 година.

Барателот доставува договор за извршување комунални услуги  со ЈП ,,Охридски Комуналец“.  

По регулирање на обврските кои произлегуваат од договор за надоместок за краткотраен закуп на градежно земјиште за поставување на урбана опрема и задолжението за надомест за комунална такса,  Секторот за урбанизам и заштита на животна средина изготвува одобрение за поставување на урбана опрема на предметната парцела.

Лица за контакт од општина Охрид се:

Билјана Мицкоска тел.046 262 493 лок.130
Кирил Танески тел.046 262 493 лок.122

Цитат од Одлуката:

О  Д  Л  У  К  А 
ЗА УСВОЈУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА  УРБАНА ОПРЕМА ВО ОПШТИНА ОХРИДЗА 2018 ГОДИНА

…………………………
Член 3
…………………………
– За користење простор за поставување маси и столови пред угостителските објекти предвидени се три зони во графичките прилози на програмата:

Зона ,,А“ за која закупнината изнесува 300,00 денари по м2 месечно за периодот од 01.05.2018 година до 31.10.2018 година, а 150,00 денари по м2 месечно за периодот од 01.01.2018 година до 30.04.2018 година и од 01.11.2018 година до 31.12.2018 година.

Зона ,,Б“ за која почетната цена изнесува 250,00 денари по м2 месечно за периодот од 01.05.2018 година до 31.10.2018 година, а 150,00 денари по м2 месечно за периодот од 01.01.2018 година до 30.04.2018 година и од 01.11.2018 година до 31.12.2018 година.

Зона ,,В“ за сите останати локации надвор од зона ,,А“ и зона ,,Б“, за која закупнината  изнесува 150,00 денари по м2 месечно.

………………………… 
Член 4
………………………… 
Договорите за користење на простор за поставување на маси и столови пред угостителски објекти ќе се склучуваат еднаш годишно, за рок за кој бараетелот поднесол барање, и тоа:

  • за минумум 3 месеци
  • за 6 месеци
  • за 9 месеци
  • или за 12 месеци

…………………………

Цитат од Одлуката:

О  Д  Л  У  К  А
ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА КОМУНАЛНАТА ТАКСА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПРОСТОРОТ ПРЕД ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ
…………………………
Член 2
Висината на комуналната такса изнесува 7,50 денари од м2 дневно за периодот од 01.05.2018 година до 31.10.2018 година, а 5,00 денари од м2 дневно за периодот од 01.01.2018 година до 30.04.2018 година и од 01.11.2018 година до 31.12.2018 година.
………………………….

Сектор за урбанизам и 
заштита на животната средина