25/04/2024
Дебрца

Поставени нови канти за отпад во селата низ Средна Дебрца

Деновиве по селата во Средна Дебрца беа распределени канти за собирање отпад кои општината ги обезбеди преку грант во рамките на Проектот „Унапредување на општинското владеење“, финансиран од Европската Унија, спроведуван од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Канти беа распределени и во селата од Горна Дебрца (Врбјани, Годивје, Лактиње, Арбиново).

Врз основа на утврден план од Јавното претпријатие „Дебрца“ истите се поставени на јавни површини, со што и во овие села започнува организирано собирање на комуналниот отпад.

И во наредниот период се продолжува со чистење на дивите депонии, а од жителите се очекува нивната поддршка и придонес за зачувување на здрава и чиста животна средина.