Поставено ново осветлување во дворот на ОУ „Христо Узунов“

Во соработка со Локалната самоуправа и професорот Зоран Тунте, член на ЛК Лихнидос, овие денови дворот на ОУ „Христо Узунов“ заблеска во бела светлина.

„Со реализација на овој проект значително се подобри безбедноста на учениците и на самиот објект во ноќните часови. Вакви и слични проекти, кои служат за подобрување на инфраструктурните услови во училиштето, се секогаш добредојдени и поздравени од учениците, наставниците и родителите. Ги охрабруваме сите кои имаат иницијативи за подобрување на условите во училиштето, слободно да се обратат до менаџментот, од каде упатуваат огромна благодарност до професорот Тунте и Локалната самоуправа, кои го иницираа, финансираа и реализираа овој проект.“ – информираат од ОУ „Христо Узунов“.

This slideshow requires JavaScript.