20/04/2024
Македонија

Постудено време со врнежи од дожд и снег на повисоките планини

Од УХМР известуваат дека денес претпладне ќе преовладува променливо облачно и ветровито време со повремен локален дожд.

Од недела попладне ќе биде постудено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег. Пообилни врнежите ќе бидат во ноќта кон понеделник и во понеделник во текот на денот. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури позначително ќе опаднат.