23/04/2024
Македонија

Потпишан договор за донација на конференциска видео опрема меѓу УНХЦР и МВР

Државниот секретар во министерството за внатрешни работи г-ѓа. Магдалена Несторовска оствари работна средба со Високиот претставник на УНХЦР во Република Македонија г-ѓа Моника Сандри. На средбата државниот секретар Несторовска изрази задоволство од досегашната успешна соработка со Канцеларијата на УНХЦР во Скопје посебно за време на мигрантската криза и ја искористи можноста да и го честита назначувањето за прв човек на Канцеларијата на УНХЦР во Македонија на ѓ-ѓа. Сандри посакувајќи и многу успеси и многу нови заеднички проекти. Во рамките на воспоставената билатерална соработка со Високиот Комесаријат за бегалци при Обединететите Нации на крајот од средбата беше потпишан Договор за донација на Конференциска видео опрема која има за цел зголемување на ефикасноста и зјакнување на капацитетите на министерството во извршување на секојдневните активности.