Потпишан меморандум за разбирање со Канада

Денеска во Министерството за внатрешни работи беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Канада за меѓувладини трансакции, вклучувајќи набавка на безбедносна и сигурносна опрема, обувки и услуги. Меморандумот го потпишаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Н.Е. Кетлин Чаба, вонреден и ополномоштен амбасадор на Канада за Србија, Македонија и Црна Гора.

Меморандумот има за цел да ги олесни и помогне меѓувладините трансакции за набавка на безбедносна и сигурносна опрема, обувки и услуги кои ќе се извршуваат меѓу двете страни. Исто така, со меморандумот е предвидено двете страни да идентификуваат проекти или активности за кои се достапни добра или услуги од Канада.