28/03/2024
Македонија

Потпишан Меморандум за соработка во борбата против тероризмот меѓу Македонија и Австралија

Денеска во министерството за внатрешни работи на Република Македонија се одржа средба помеѓу министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски, Директорот на Управата за безбедност и контрарузнавање Горан Николовски и делегација на Комонвелтот на Австралија предводена од Н.Е. Рут Стјуарт, нерезидентен aмбасадор на Австралија за Република Македонија, и Н.Е. Пол Фоли, aвстралиски aмбасадор за борба против тероризам.

На средбата беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Австралија за соработка во борбата против тероризмот и беше потенцирана одличната досегашна соработка помеѓу безбедносните служби на двете земји, како и намерите за интензивирање на соработката.