19/04/2024
Дебрца

Потпишани договорите за набавка на механизација за потребите на ЈКП „Дебрца“

Подигнување на  квалитетот на комуналните услуги на едно пристојно ниво, соодветно на потребите на граѓаните на општина Дебрца, беше еден од ветените проекти на градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески. Денес беа потпишани договорите со фирмите за набавка на механизација за потребите на ЈКП „Дебрца“.

„Ветивме дека ќе го подигнеме квалитетот на комуналните услуги на едно пристојно ниво, соодветно на потребите на граѓаните на општина Дебрца. Во таа насока, денес ги потпишавме договорите со фирмите Глобал моторс и Синпекс за набавка на механизација за потребите на ЈКП Дебрца ( универзален ровокопач натоварувач ЈЦБ, мини ровокопач на гумена гусеница ЈЦБ, трактор со приклучна механизација-приколка, мулчер и теренско возило и плугови за чистење на снег).“- вели градоначалникот Ногачески.

Вкупната вредност на механизацијата која ќе биде испорачана во наредните дваесетина дена,  изнесува околу 147.000 евра, а средствата се обезбедени од ЕУ ИПА грант.