28/03/2024
Македонија

Потрошувачот и неговите права кога купува производи

Организацијата на потрошувачите на Македонија во соработка со Министерството за економија, во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2017-та година изработи брошура: „Потрошувачот и неговите права кога купува производи, за себе или своето семејство, производи што не се трошат при првата употреба, туку се користат подолг временски период“.

Оваа брошура нуди информации за правата на потрошувачите при купување на производи кои не се технички, односно производи за кои вообичаено не се дава гарантен лист, но потрошувачите очекуваат да траат подолг временски период. Вакви производи се обувките, облеката, мебелот и останатите производи за домот.

Брошурите се достапни на македонски и албански јазик.