28/03/2024
Македонија

Повик за формирање на авторски тимови за изработка на ракописи за учебници за четиригодишно стручно образование

Врз основа на член 17- а став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование  („Службен весник на РМ„   бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА – Педагошка служба, објавува

ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС
за  формирање на авторски тимови за  изработка на ракописи за учебници  за четиригодишно стручно образование

Авторски тимови ќе се формираат  за следните струки и образовни профили за наставните предмети:

ШУМАРСКО ДРВОПРЕРАБОТУВАЧКА СТРУКА
Профил: Техничар за мебел и ентериер
1.Познавање на материјалите II  година
Профил: Техничар за обработка на дрво
1.Примарна обработка на дрвото II  година
Профил:Техничар за шумарство и пејзажна  архитектура
1.Дендрометрија и искористување на шумите

(редовен и изборен)

III  година
2.Дендрометрија и искористување на шумите  (редовен и изборен) IV година
ГЕОЛОШКО-РУДАРСКА И МЕТАЛУРШКА СТРУКА
Профил: Геолошко рударски техничар  
1. Хидрогеологија со инженерска геологија (редовен и изборен) III  година
2. Истражни работи со геолошко картирање (редовен и изборен) III  година
Профил: Металуршки техничар  
1. Металуршки печки III  година
ЗЕМЈОДЕЛСКО-ВЕТЕРИНАРНА СТРУКА
Профил: Ветеринарен техничар  
1.Сточарство со исхрана на домашните животни (редовен и изборен) III  година
2.Сточарство со исхрана на домашните животни (редовен и изборен) IV година
3. Микробиологија со заразни болести (изборна) III и IV година
4. Паразитски болести IV година
ГРАДЕЖНО-ГЕОДЕТСКА СТРУКА
Профил: Архитектонски техничар  
1. Равој на архитектурата II  година
2. Градежни конструкции II  година
3. Градежни конструкции III  година
4. Градежни конструкции (изборна) III и IV година
5. Техничка механика III  година
6. Армиран бетон IV година
Профил: Градежен техничар  
1.Армирано-бетонски конструкции (редовен и изборен)  IV година
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА СТРУКА
Профил: Електротехничар за компјутерска техника и автоматика  
1.Дигитални системи (редовен и изборен) III  година
ТЕКСТИЛНО-КОЖАРСКА СТРУКА
Профил: Текстилен конфекциски техничар  
1. Технологија на конфекционирање (редовен и изборен) III  година
Профил: Текстилен техничар  
1. Технологија на предење II  година
Профил: Конфекциски техничар  
1. Технологија на конфекционирање (редовен и изборен) IV година
СТРУКА ЛИЧНИ УСЛУГИ
Профил: Козметички техничар  
1. Применета козметика (редовен и изборен) IV година
МАШИНСКА СТРУКА
Профил: Машинско енергетски-техничар  
1. Термотехника II  година
Профил: Автотехничар-мехатроничар  
1.Електротехника (редовен и изборен) III  година
1.Електротехника (редовен и изборен) IV година
3.Електроника (редовен и изборен) IV година
Профил: Машински техничар, машинско-енергетски техничар  
1.Електротехника со електроника II  година
ЕКОНОМСКО-ПРАВНА И ТРГОВСКА СТРУКА
Профил: Правен техничар, економски техничар, деловен секретар и техничар за трговија и маркетинг  
1.Основи на правото II  година
Заеднички предмети за образовните профили: деловен секретар, економски техничар и техничар за трговија и маркетинг  
1.Право (изборен) III и IV година
Профил: Деловен секретар  
1. Секретарско работење (редовен и изборен) IV година
Профил: Техничар за трговија и маркетинг  
1.Трговија и трговско работење (редовен и изборен – III година, изборен – IV година) III и IV година
СООБРАЌАЈНА СТРУКА
Профил: Техничар за транспорт и шпедиција  
1. Транспортно право и осигурување IV година
Профил: Техничар за патен сообраќај  
1. Експлоатација на патните возила II  година
2. Експлоатација на патните возила III  година
ЗДРАВСТВЕНА СТРУКА
Профил: Забен техничар  
1. Фиксна протетика III  година
2. Фиксна протетика (изборен) III и IV година
3. Мобилна протетика (редовен и изборен) III  година
4. Мобилна протетика (редовен и изборен) IV година
5. Ортодонција IV година
Профил: Фармацевтски техничар  
1. Кинезиологија II  година
2. Кинезитерапија III  година
Профил: Фармацевтски лабораториски техничар  
1. Фармацевтска технологија (редовен и изборен) III  година
2. Фармацевтска технологија (редовен и изборен) IV година

Заинтересираните авторски тимови потребно е да достават пријава за авторски тим  до архивата на Педагошката служба –ул.„Св.Кирил и Методиј„ 54-Скопје, заклучно со 05.03.2018 година (пријавата може да се преземе тука).

Кон пријавата авторите  од авторскиот тим задолжително треба да достават:

–    уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (авторите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Македонија), 
–    изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование

Министерството за образование и наука  известува дека ќе склучи договори само со авторските тимови чии ракописи за учебници се одобрени со одлука на Националната комисија за учебници за основно и средно образование.