19/04/2024
Охрид

Повик за користење средства од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2017

Општина Охрид, Секторот за туризам и ЛЕР и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделството на Општина Охрид, им соопштува на сите заинтересирани  правни и физички лица дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој  објави  Jавен повик 04/2017 за доставување барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2017 година  за следната мерка:

Мерка 213 – Помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики со надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално овчарство

 Средствата се предвидени :

 – во висина од 100% од просечна месечна нето плата во дејноста од период 01.11.2016 до 31.10.2017 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасиште (вклучително и ливади) кое се наоѓа во населени места со надморска височина поголема од 700 метри, односно регистрираните одгледувалишта каде се одгледува добитокот да се наоѓаат во населени места со надморска височина поголема од 700 метри и

 –  во висина од 60% од просечна месечна нето плата во дејноста од период 01.11.2016 до 31.10.2017 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасиште (вклучително и ливади) кое се наоѓа во населени места со надморска височина под 700 метри односно регистрираните одгледувалишта каде се одгледува добитокот да се наоѓаат во населени места со надморска височина поголема од 700 метри

    -не повеќе од 300.000 денари по вработено лице за не повеќе од 20 вработени лица  
     -за над 10 вработени лица помошта се намалува за 50%

Поддршката  ќе се доделува според утврдени критериуми и тоа во сооднос

     – 1 вработено лице на 150 овци 
    – 1 вработено лице на 50 кози 
    – 1 вработено лице на 80 говеда

Бројот на вработени лица за кои е исплатена поддршката треба да е ист во период од најмалку една година пред годината за која е исплатена поддршката.

Финансиската поддршка  е наменета Земјоделски стопанства регистрирани согласно Законот за земјоделство и рурален развој во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Барањата за пооделна мерка се доставуваат во оригален примерок до Агенцијата.

Крајниот рок за доставување на барањата е 28.12.2017 година. 

Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Подетални информации заинтересираните  можат да добијат на тел. 02 3097-460 , на веб страната www.ipardpa.gov.mk  или на телефонот 046-230-175 на Секторот ТЛЕР Канцеларија за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделието  при Општина Охрид.