29/03/2024
Македонија

Повлечени дополнителни количини млечна храна за доенчиња увезени од Франција

Преку апликацијата RASFF Window системот на ЕУ во неколку наврати добиена е информација за небезбедна храна, како надополнувања на нотификацијата со Референтен број 2017.2095. Предмет на оваа нотификација е небезбедна инфант формула (млечна храна за доенчиња), увезена од Франција.

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите за повлекување и отповикување на производот, млечна храна за доенчиња со следните трговски име и сериски броеви:

1. Производот за доенчиња од 0 до 6 месеци Celia Expert 1400гр. со лот 16С0012133 .

2. Производот за доенчиња од 0 до 6месеци Celia Expert 1400гр. со лот. 17С0012823.

3. Производот за доенчиња од 6 до 12месеци Celia Expert 2400 гр. со лот 16С0010488 .

4. Производот наменет за доенчиња од 6 до 12 месеци Celia Expert 2400гр. и лот. 17С0012838

5. Производот Celia Prema 400гр. со лот 16С0010750

6. Производот Celia Prema 400гр. со лот 17С0013095

7. Производот за доенчиња од 0 до 6 месеци Celia Digex 400гр. е увезен со лот 16С0010821.

8. Производот за доенчиња од 0 до 6 месеци Celia Digex 400гр. со лот 17С001806

Потрошувачи кои веќе ги купиле овие производи не треба да ги консумираат и истите можат да ги вратат на местото каде што ги купиле.