19/04/2024
Охрид

Повреден маж кој паднал на непристапен терен на потегот помеѓу „Лабино“ и „Канео“ во Охрид

На  13-04-2019  година, околу 13 часот и 30 минути,  во СВР Охрид, добиено е телефонско известување дека паднал маж на непристапен терен на потегот помеѓу „Лабино“ и „Канео“ во Охрид.

Полициски службеници од езерската полиција, со пловен објект пристигнале не местото при што, констатирале дека се работи за лицето Д.А.(57) од Охрид.

Тој е пренесен до месноста „Грашница“ од каде со возило на Брза помош е пренесен  во болницата „Св.Еразмо“, каде му се констатирани тешки телесни повреди.