18/04/2024
Македонија

Повреден мотоциклист на ул.„Партизански одреди“ во Кичево

На 24.10.2019 во 14.00 часот на ул.„Партизански одреди“ во Кичево, Д.М.(34) од Кичево, управувајќи мотоцикл „зонгшен“, со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.